Најава: Литванија – Македонија

Од:

Сомнителниот пораз од Црна Гора на отворањето на Евробаскетот е веќе минато. Со главите горе, максимално сконцентрирани на следниот предизвик, македонските кошаркари го очекуваат натпреварот со познатиот противник – тимот на Литванија. Натпреварот почнува од 21.00 часот.

„Ние сме професионалци. Мораме брзо да заборавиме на се што се случи и да се сконцентрираме на нашиот следен противник“, изјави селекторот Алеш Пипан по вчерашниот натпревар со Црна Гора. Литванија доживеа незгоден пораз синоќа од репрезентацијата на Србија, покажувајќи многу помалку од тоа што знае да го одигра, така што во ситуација кога и на двете селекции победата им е од огромно значење, јасно е дека натпреварот ќе биде тежок, напорен и изедначен до самиот крај. „Сигурно е дека нема да биде лесно. Тие се силна екипа, искусна и физички добро подготвена. Ќе мораме да го дадеме нашиот максимум и да го оставиме срцето на терен, ако сакаме да се надеваме на победа“, продолжи Пипан.

Нашите репрезентативци добро одиграа во најголемиот дел од натпреварот со Црна Гора, а одржуваа и водство речиси во целиот тек на второто полувреме. Падот во играта во самите последни минути, доведе до неизвесна завршница која потоа имаше сомнителен крај и означи пораз на Македонија од 81-80. Сепак, до крајот на групната фаза преостануваат уште четири натпревари, а имајќи ги во предвид резултатите од останатите две средби во вчерашниот прв ден, шансите за пласман на посакуваните први три места и натаму се широко отворени.

„Немаме време за жалење, денеска пред нас е нов предизвик. Непријатно е кога ќе загубиш прв натпревар, особено на ваков начин, но мораме да гледаме напред. Одиме со главите горе и веруваме во победа“, изјави Владо Илиевски, кошаркарот кој ја постигна решавачката тројка против Литванија на минатиот Евробаскет за победа од 67-65, по што Македонија го обезбеди историскиот пласман во полуфиналето. Тоа беше и последниот официјален натпревар помеѓу овие две репрезентации, иако во меѓувреме Македонија и Литванија одиграа уште две пријателски средби. На првата во Клаипеда одиграна минатото лето, Македонија победи со 78-74, додека на последната играна во Скопје на 17 август годинава, Литванците славеа со 62-50.

„Тешко е кога ќе почнеш со пораз, ќе треба да дадеме дополнителни напори и да одиграме уште посилно на наредните средби. Во групава нема фаворити, секој може да победи секого, навистина ништо не е готово“, кажа нашиот центар Предраг Самарџиски. Токму центарската линија на нашата репрезентација ќе има исклучително тешка задача во борбата со противничките високи играчи. Селекторот на Литванија, Јонас Казлаускас се реши во составот да вклучи дури петмина кошаркари кои можат да играат на центарската позиција. Валанчиунас, Клеиза и Лавринович се издвојуваат како предводници на високата линија, додека Каленитис и Мациулис се клучните играчи во тимот на надворешните позиции.

Натпреварот помеѓу Македонија и Литванија во Јесенице почнува од 21.00 часот, а ќе му претходат останатите две средби во нашата група во кои ќе се сретнат Црна Гора – Летонија и Србија – Босна и Херцеговина. Имајќи ги во предвид изненадувачките резултати од првиот ден во оваа најизедначена група, свои реални шанси за пласман понатаму и натаму гледаат сите шест репрезентации.

Би можело да ве интересира

Навивачки нереди во Црна Гора: Хулигани упаднаа на теренот за време на дербито и го прекинаа натпреварот

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ