МЗТ загуби со 15 разлика од Црвена Звезда

Од:

Македонскиот претставник во регионалната кошаркарска АБА лига, тимот на МЗТ Скопје Аеродром вечерва загуби на гостувањето во Белград од Црвена Звезда со резултат 87:72.

Победникот на овој дуел беше решен уште по првото полувреме кое домаќините го добија со 60:38. МЗТ Скопје беше подобар само во третата четвртина која ја реши во своја корист со 22:14, а во последниот период „црвено-белите“ не им дозволија на „аеродромци“ резултатски да се доближат.

За одбележување се двете посериозни повреди на играчите на македонскиот шампион, Дамјан Стојановски и Урош Николиќ кои ќе бидат неизвесни за следните неколку натпревари.

Тодор Гечевски со 12, Ѓорѓи Чековски со 11 и Дамјан Стојановски со 10 поени беа најефикасни во нашиот тим со напомена дека Стојановски одигра само 11 минути до повредата.

Најдобар играч во победничкиот тим беше Игор Ракочевиќ кој реализира 25 поени.

Покрај овој дуел денеска во рамките на 19.коло од ова натпреварување играа и Широки – Цибона 81:89.

Резултати на вчерашни натпревари од оваа рунда: Задар – Цедевита 73:74, Олимпија – Игокеа 69:63, Сплит – Шолнок 62:70 и Будуќност – Крка 74:66.

Колото ќе биде комплетирано утре со натпреварот Раднички – Партизан (почеток 20:30).

Табела: Игокеа 15-4 (победи-порази), Црвена Звезда 13-6, Партизан 12-6, Будуќност 11-8, Цедевита 11-8, Раднички 10-8, Унион Олимпија 10-9, МЗТ Скопје Аеродром 10-9, Крка 8-11, Цибона 7-12, Задар 7-12, Сплит 7-12, Широки 6-13 и Шолнок 5-14.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ