МЗТ Скопје подобар од Крка

Од:

Македонскиот шампион МЗТ Скопје стигна до седмата победа во Регионалната АБА Лига и со позитивен биланс ја завршува полусезоната.

Седмиот триумф металците го забележаа на домашен терен во СЦ „Борис Трајовски” против словенечкиот претставник Крка, чиј отпор беше скршен во последната четвртина за победа од 92:88.

Дамјан Стојановски беше најефикасен во составот на македонскиот шампион со 26 поени, седум скокови и една украдена топка.

Гечевски, реализираше 21 поен и девет скокови, додека Никола Оташевиќ го одигра својот најдобар меч во дресот на МЗТ со 13 поени и четири украдени топки. Лорбек со 21 поен беше најпрецизен во таборот на Крка.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ