МЗТ Скопје гостува во Сплит

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во рамките на 10.коло од регионалната АБА лига вечерва му гостуваат на хрватскиот претставник Задар.

Тренерот на нашиот шампион Алеш Пипан очекува тежок натпревар против екипата која во досегашниот тек од лигата има три победи.

– Распоредот во АБА лигата е таков да ни се погодија две исклучително тешки гостувања едноподруго. По гостувањето кај Игокеа, викендов играме против тимот на Задар кој е одличен на домашен терен. Не смее да на залаже фактот дека Задар е на претпоследното место на табелата, се работи за доста добар тим кој на домашен терен успеа да ги совлада екипите на Црвена Ѕвезда и Игокеа. Од моите играчи барам да одиграат многу подобро него што одиграа со натпреварот Игокеа, мораме да одиграме многу подобро и во одбраната и во нападот, изјави тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Алеш Пипан за клупскиот сајт.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ