МЗТ гостува кај Партизан

Од:

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје утре наутро заминува за Белград, каде вo недела со почеток од 19:00 часотќе ги одмери силите со Партизан во дуел од 12. коло во Јадранската АБА лига.

Тимот од Аеродром има одлична серија од четири победи во последните пет натпревари, па атмосферата кај четата на Алеш Пипан е одлична во пресрет на тешкото гостување во регионалното натпреварување.

„Свесни сме за квалитетите кои го поседува тимот на Партизан, но за нас ова е натпревар како и секој друг што го играме на гости. Ќе мора да одиграме најдобро што можеме, во ритам каков што играме на последните неколку натпревари“, вели Пипан.

Пипан во Белград нема да може да смета на услугите на Горјан Марковски и Стефан Поповски Турањанин, кои поради повреди остануваат во Скопје.

Домаќинот, тимот на Партизан, во овој дуел против МЗТ влегува со два порази во серија, првиот од Александровац против домаќинот Игокеа (73:50) во настапот од АБА лигата, додека вториот беше вчеравечер против екипата на Барселона во евролигашката конкуренција, во кој што црнобелите загубија минимално со резултат 67:68, по продолжението од пет минути.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ