Мурињо: Се беше одлучено во една минута

Од:

Тренерот на Челзи Жозе Мурињо на прес-конференцијата по натпреварот со Атлетико рече дека победникот го решија два моменти кои се случија во иста минута.

– Се беше одлучено во една минута. Голманот на Атлетико на неверојатен начин го одбрани ударот на Тери, а потоа во следниот напад гостите добија пенал. До тој момент натпреварот беше изедначен, а во одредени периоди ние бевме подобар противник, истакна Мурињо.

Португалецот додаде дека по примениот втор гол, неговите фудбалери паднале на психолошки план.

– По 2:1 ни беше многу тешко да се вратиме. Од тој момент на теренот играше само еден тим. Крајот на натпреварот беше многу тежок за нас. Атлетико покажа зошто е лидер во Шпанија. Честитки за нив. Ова што го прават е голема работа, посочи Мурињо.

Атлетико Мадрид синоќа со 3:1 го совлада Челзи во Лондон и обезбеди финале во Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ