Мурињо: Италија е опција за мене

Од:

Едно од големите имиња во тренерската професија, Жозе Мурињо, планира наскоро да се врати на теренот. Специјалниот објави уште пред време дека има намера да ја обнови својата кариера од јули и сега откри дека италијанската Серија „А“ е една од опциите пред него.

Поголемиот дел од големите тимови на Апенините веќе ги сменија тренерите, па не е јасно каде точно таму може да најде работа сега. Но, Португалецот не му пречи на неговото име да биде поврзувано со италијанската елита.

-Што ќе правам во иднина? Ќе водам фудбалски тим, кој е на високо ниво. Дали тоа може да се случи во Италија? Да, Серија „А“ секогаш е опција пред мене, изјави Мурињо пред „Скај Италија“.

Специјалниот е без работа од декември минатата година, кога беше отпуштен од Манчестер Јунајтед. Практично единствениот сериозен кандидат за неговиот потпис во изминатиов период беше португалска Бенфика, но тој сака „сериозен предизвик“.

Би можело да ве интересира

Мурињо: Одбив понуди да бидам селектор на Португалија или на Англија

Мурињо: Ја одбив најголемата и најлудата понуда во историјата на фудбалот

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска