Морати: Барселона игра досаден фудбал

Од:

Барселона е досадна за гледање, а ситуацијата кај нив би била полоша доколку го нема Лионел Меси, е изјавата на претседателот на италијанскиот Интер, Максимо Морати.

„Фудбалот останува една од мистериите на животот и никогаш не знаете кога натпреварот ќе заврши. Затоа гледањето на натпреварите на Барселона е прилично досадно. А, би било уште подосадно да го нема Меси. Повеќе сакам да гледам поинаков од нив стил на игра, контранапади, три допири на топката и шутеви“, изјави Морати.

„Нераѕурите“, како што популарно го нарекуваат Интер заостанува четири бода зад водечкиот Јувентус. Овие два тима утре од 20:45 часот го играат големиот дерби дуел на Јувентус Арената.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ