Мората заминува од Реал, потврди Анчелоти

Од:

Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид, откри дека младиот напаѓач Алваро Мората ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“, односно дека од следната сезона нема да го носи дресот на Реал Мадрид.

– Мората одлучи да си замине во потрага за поголема минутажа и клубот се согласи со тоа’, изјави тренерот Анчелоти.

Италијанскиот стратег како главна причина за заминувањето на 21-годишниот напаѓач го наведе неговото незадоволство од минутажата која ја добива. Сепак, сагата на Мората се уште не е дефинитивно разрешена, а искусниот тренер не ја криеше и можноста Мората да се премисли.

– Доколку добие шанса, тоа ќе биде добро за него, а доколку го напушти Реал Мадрид, тогаш ќе доведеме некој фудбалер сличен на него кој исто така ќе биде млад, додаде Анчелоти.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ