Монтоја ја напушта Барселона

Од:

Дефанзивецот на Барселонаа, Мартин Монтоја, најверојатно во зимскиот трансфер-период ќе премине во тим од Премиер-лигата на Англија.

Дваесет и тригодишниот каталонски фудбалер не може да најде место во првиот тим на „сино-црвените“ и поради тоа, најверојатно ќе премине во Ливерпул.

– Тој во јануари ќе си замине, но тоа треба да биде договорено со Барселона. Голем број клубови од Англија се заинтересирани за него, но прво треба да се преговара бидејќи клаузула за преземање му е 20 милиони евра – изјави Хуан де Диос Караско, агент на фудбалерот.

Тренерот на каталонскиот клуб, Луис Енрике, изјави дека му е тешко да се раздели со Монтоја бидејќи го познава многу добро и е уверен во неговите квалитетите.

– Ситуацијата со статусот на Монтоја може да се промени во иднина – рече категорично Енрике.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ