Монако со негативен рекорд во ЛШ

Од:

Тешките моменти за Монако изгледа се далеку од завршени за клубот од Кнежевството. Вечерва, младиот талент на тимот, Беноа Бадиашиле постави рекорд во Лигата на Шампионите, каков ниту еден тим не би сакал да поседува. Од сега, дефанзивецот ќе биде запишан во историјата на најпрестижниот клубски турнир во Европа како најмладиот играч со автогол во него.

Веќе во втората минута при посетата на Атлетико Мадрид во групата „А“, Монако прими гол. До него можеби немаше да дојде, ако шутот од далечна дистанца на Коке не се одби од Бадиашиле. Топката целосно ја промени својата траекторија и стана невозможна за голманот Диего Беналио, кој веќе тргна во другата насока.

Така, со своите 17 години од 265 дена, Бадиашиле стана најмладиот фудбалер со автогол во Лигата на шампионите. Тој го подобри претходното „врвно“ достигнување – Миле Свилар (18 години и 65 дена) поставено во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски