Мојсоски: Нови 10 милиони евра за спортски ваучери за 2020 година

Од:

Правиот пат на државата кон европската иднина подразбира и квалитетен спорт, професионални спортски клубови и конкуретни спортисти на европските и светските натпревари.

Владата предводена од СДСМ продолжува со подобрување на условите во спортот преку мерката „Спортски ваучери“.

Со оваа мерка, Владата и Агенцијата за млади и спорт ги стимулираат стопанските субјекти да го пронајдат својот интерес и да инвестираат во спортот, рече Наумче Мојсоски, претседател на Комисијата за спорт на СДСМ.

За оваа 2020-та година ваучерскиот систем за поддршка на спортот предвидува нови 10 милиони евра, сума која ќе биде потрошена за директна помош на спортските федерации, клубовите и спортистите.

До скоро ние спортистите само можевме да сонувавме за сума од 10 милиони евра, денес тој сон го направивме стварност.

Годинава, 43 Национални спортски федерации, 454 Спортски клубови и 320 индивидуални спортисти ќе добијат финансиска поддршка, што е од огромно значење за нивниот професионален напредок, но и за мотивот да стигнат до европските и светските првенства.

Многу важно за нас е вредноста и перспективата на оваа мерка да ја препознаат сопствениците и менаџерите на приватните компании и да ни се приклучат во финансирањето на спортот.

Со ваучерскиот систем на приватните компании им се овозможува 50 отсто од данокот на добивка да го инвестираат директно во спортот. Тоа значи зајакнување на финансиската моќ на спортските клубови кои ќе станат атрактивни партнери на компаниите. А самите компании ќе имаат сопствена промоција и ќе покажат висока општествена одговорност.

Компаниите, наместо дел од данокот на добивка да го платат на државата, ќе имаат можност да го вложат директно во спортски клуб или спортист.

Мерката покажа одлични резултати. Имаме и многу примери кога со овие пари спасивме федерации и клубови од пропаѓање, а голем број спортисти ги вративме на терените.

Нашата грижа и нашата посветеност кон спортот нема да завршат тука. Новата Влада предводена од СДСМ и по изборите ќе продолжи да го финансира спортот, кажа Наумче Мојсоски, претседател на Комисијата за спорт на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина