Модриќ: Мора да ги победиме Македонците

Од:

Новата ѕвезда на Реал Мадрид, Лука Модриќ, изјави дека е подготвен да одигра 90 минути на натпреварот во петок против нашата селекција и додаде дека Македонија мора да падне.

„Подготвен сум да одиграм 90 минути. Добро сум подготвен психички и физички. Сеедно ми е на која позиција ќе играм, мора да ги победиме Македонците“, изјави Модриќ.

Тој рече дека се надева на голема поддршка од навивачите.

„Секогаш било тешко да се игра со Македонија, но уверен сум во победа. Посакувам да ги земеме сите шест бодови од првите два натпревари“, додаде новиот играч на Реал.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ