Минимална победа за Шкендија во дербито со Вардар

Од:

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, тимот на Шкендија забележа победа со 1:0 против Вардар во дерби натпреварот од 19. коло.

Натпреварот во Тетово го реши Омар Имери со погодокот во 23.минута.

Во финишот на првото полувреме се случи спорен момент. По ударот на Најдовски топката удри во пречката на голот на Шкендија и се одби зад домашниот голман. Судиите проценија дека не била помината гол линијата и натпреварот продолжи со истиот резултат.

Резултати на натпреварите од 19. коло во ПМФЛ одиграни попладнево:

Академија Пандев – Македонија ЃП 3:0
Победа – Беласица 1:1
Работнички – Ренова 1:1
Шкендија – Вардар 1:0
Силекс – Шкупи 2:2.

Табела: Шкендија 43 бода, Вардар 35, Академија Пандев 33, Работнички 27, Шкупи 24, Ренова 22, Македонија ЃП 21, Силекс 19, Победа 18, Беласица 18.

Би можело да ве интересира

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

ЦУК: Камион на патот Зелениково – Таор ја проби оградата на мост на Вардар, нема жртви

(ВИДЕО) Змија на кејот на Вардар во Скопје: Топлото време ги раздвижи змиите

А1он

Фудбалерите на Вардар останаа без плата, Комитите собираат пари: Цобе сите не изневери

Горан Наумовски

Струга ТЛ го победи Работнички и ја зголеми предноста пред Шкупи

ЦУК: Отстранета опасноста oд локално поплавување во Неготинско

Горан Наумовски