Милевски: Не се откажуваме од баражот за Светското првенство

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски вечерва на официјалната прес-конференција во пресрет на утрешниот натпревар против Ерменија ги сподели своите очекувања за мечот во Ереван од квалификациите за СП 2022.

dobivaj vesti na viber

– Сметам дека не очекува одличен натпревар. Двете селекции имаат свои шанси за второто место, а победа е опција и за нас и за Ерменија. Ова ќе биде многу поразличен меч од тој во Скопје. На домашен терен ја имавме доминацијата, но сега очекувам сосема поразличен дуел, отворен на двете страни, затоа што победата е важна за двете селекции, изјави Милевски.

Поради повреди Милевски нема да може да смета на неколкумина стандардни репрезентативци, но очекува целиот тим да го даде својот максимум.

– Се разбира дека отсуствата поради повреди на играчи од калибар како Адеми и Барди, а сега и Стефан Ристовски, Ракип, Јаховиќ и Николов ни создаваат проблеми. Но, сигурен сум дека сите оние што ќе настапат ќе го дадат максимумот на овој натпревар. Има влијание тој недостаток, особено што не можам да сметам на сите играчи од средниот ред. Македонија е во фаза на создавање на тим и ни треба костурот на селекцијата во наредните четири години. Но, сега не се откажуваме и секоја шанса за тоа второ место ќе се обидеме да ја искористиме, посочи Моилевски.

Би можело да ве интересира

Милевски: Ја добивме најтешката група, но веруваме во себе

Алиоски: Овде го остваривме сонот за ЕП, утре сакаме нова победа

Милевски: Мора да бидеме поконкретни во завршницата

Милевски: Португалија не е само Роналдо, а фудбалот е тимска игра

А1он

Трајковски, Барди и селекторот Милевски добија дипломатски пасоши

Катерина Павлова-Николовска

Канатларовски: Заслуживме бод, момците одиграа многу храбро и со голема пожртвуваност

Ана Ололовска