Милан тргна по напаѓачот на Ливерпул, Берлускони го посакува Енди Керол

Од:

Некогашниот член на Њукасл му запна за окото на Берлускони на изминатото Европско првенство во Полска и Украина и сега бара начин да го ангажира.

Потпретседателот, Адриано Галијани, за разлика од Берлускони, изјави дека преодниот рок за Милан заврши.

Меѓутоа, „Korijere delo Sport”  тврди дека Милан работи на ангажманот на Керол.

Трансферот би бил полесен и заради тоа што новиот менаџер на Ливерпул, Брендан Роџерс не е премногу воодушевен од останувањето на Керол.

Претпоставка е дека Милан ќе проба да го доведе 23-годишниот напаѓач на едногодишна позајмица, а потоа ќе одлучи, во зависност од неговата игра, дали ќе го откупи договорот од Ливерпул .

Керол на  „Enfild roud”  дојде на 31 јануари 2011 година за 30 милиони фунти како замена за Фернандо Торес.

Одигра 42 натпревари и само 6 постигнати голови.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ