Михајловиќ очекува „сигурна“ победа против Македонија

Од:

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Синиша Михајловиќ очекува сигурна победа на неговите избраници, во утрешниот натпревар против Македонија, последен во квалификациите за Светското првенство во Бразил следната година.

– Сите од нас утре очекуваат да ја победиме репрезентацијата на Македонија. Ако играме како што знаеме, ние тоа ќе го направиме. Но, нема да биде лесно, изјавил српскиот селектор Михајловиќ на денешната средба со новинарите одржана во Јагодина, каде утре ќе се игра натпреварот.

Иако натпреварот нема да има никакво резултатско значење, сепак Михајловиќ смета дека тој е многу важен

.
– Навикнати сме на постојан притисок. Сакаме во секој натпревар да победуваме. Иако натпреварот со Македонија е без резултатско значење за конечниот изглед на табелата во квалификациската група, сепак нам ни е важен исходот кој ќе зависи најмногу од нас самите, нагласил Михајловиќ.

Како Михајловиќ така и капитенот на репрезентацијата на Србија, Бранислав Ивановиќ и неговиот заменик Александар Коларов, се големи оптимисти, повторувајќи дека Србија ќе слави победа во натпреварот со Македонија, кој се игра утревечер од 20 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ