Последниот македонски претставник во евро-куповите, екипата на Металург вечерва во првиот натпревар од третото квалификациско коло за Лига Европа загуби од Омонија со 3:0.
На дуелот одигран во Никозија најдобар играч беше Кристовао Рамос кој двапати (9 и 14.минута) ја погоди мрежата на металурзите, а имаше и една асистенција.
Победникот беше решен по само петнаесетина минути кога домаќините водеа со 2:0, а до крајот на средбата ја зголемија разлика на убедливи три голови.
Стрелец на вториот гол за Омонија беше Микаел Поте во 14.минута.
Реваншот се игра по седум дена во Скопје.