Металург убедливо поразен и во реваншот

Од:

Фудбалерите на Металург претрпеа пораз од 3:0 од Рух Хорзов во реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Лига Европа одигран попладнево на „Милано Арена“ во Куманово.

Головите за гостинот од Полска ги постигнаа Лукаш Јаношка во деветата минута, Габор Страка во 15. и Аркадиуш Пиех во 62. минута.

Рух победи и на првиот дуел пред седум дена со 3:1 и со вкупни 6:1 продолжува во 3. коло од квалификациите.

Пирова победа за Ренова во Белорусија

Фудбалерите на Ренова со победа на гостувањето во Гомел, Белорусија ги завршија натпреварите во 2. коло од квалификациите од Лига Европа.

Попладнево освојувачот на купот на Македонија, Ренова во реваншот славеше победа од 1:0 со голот на Ерсан Асани во 56.минута, но тоа беше недоволно бидејќи на првиот натпревар во Куманово пред седум дена Гомел триумфираше со 2:0 и со вкупни 2:1 се пласираше во третото коло од квалификациите на Лига Европа. Противник на Гомел во следното коло ќе им биде премиерлигашот Ливерпул.

Би можело да ве интересира

Словенија и Данска одиграа нерешено, Јанжа го спречи поразот

A1on

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ