Ракометарите на Металург приредија големо изненадување во националниот куп, откако вечерва во дуелот за трофејот го победија големиот фаворит Вардар по подобро изведување пенали.
Натпреварот заврши 29:29, па се пријде кон удари од седум метри по кои „металурзите“ победија со 33:32. Ова е прв „испуштен“ трофеј на „црвено-црните“ по пет годишна доминација во домашните натпреварувања.