Металург обезбеди пласман во 2.коло од квалификациите во Лига Европа

Од:

Фудбалерите на Металург, иако важеа за големи фаворити во двомечот со Биркиркара, сепак не остварија победа ниту во реваншот одигран попладнево на „Милано Арена“ во Куманово.

Македонскиот претставник одигра само 0:0 со гостинот од Малта, но благодарение на головите постигнати во гости (првиот натпревар заврши 2:2) „металурзите“ обезбедија пласман во 2.коло од квалификациите во Лига Европа.

Во следното коло Металург ќе игра со полскиот претставник Рух Хорзов. Првиот натпревар ќе го одигра на гостински терен на 19 јули, а реваншот е седум дена подоцна.

Вечерва од 20 часот и 30 минути Ренова ќе го одигра реваншот против Либертас во Сан Марино. Првиот натпревар меѓу овие две екипи заврши со убедлива победа на Ренова од 4:0.

Третиот македонски претставник во 1.коло од квалификациите во ЛЕ, Шкендија во вторникот ги заврши настапите во ова натпреварување по поразот од Портдаун на гости со 2:1. Во Куманово на првиот дуел беше 0:0.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ