Месина: Новиот календар на ФИБА ги понижува играчите

Од:

Селекторот на Италија, Еторе Месина смета дека новиот ФИБА многу погрешила со новиот систем за квалификација за Светското првенство 2019 година.

Тој изјави дека селекторите во иднина можат да имаат проблеми со изборот на кошаркарите, а некои играчи можат да бидат доведени во понижувачка ситуација.

– Ситуацијата е таква што ако сте дел од НБА или Евролигата, не можете да биде истовремено и дел од националниот тим. Читам што мислат и другите тренери за тоа, а исто и играчите. Никој не е среќен, а никој од нас не можеме да влијаеме на одлуката на ФИБА околу календарот на натпревари.

Месина посебно се осврна на делот кога ќе треба да се селектираат играчите.

– Ќе биде тешка ситуација кога селекторите ќе треба да ги изостават оние кои избориле пласман на Светско првенство и да повикаат други кошаркари кои не биле во можност да играат во квалификациите. Тоа е понижувачки за играчите. Играте за вашата земја изборувате пласман на големо натпреварување и потоа доаѓаат некои нови момци да играат на тој настан. Баш сум љубопитен да видам што е следно што ќе се случува.

Би можело да ве интересира

Српски кошаркар доживотно суспендиран поради местење натпревари

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Нови тројца српски кошаркари се суспендирани од ФИБА поради учество во местење натпревари

ВИДЕО: Германците до историска светска титула, Србија падна во финалето

Катерина Ѓуровски

Машката кошаркарска репрезентација едно место погоре на листата на ФИБА

А1он

Македонскиот братски судиски тандем Митровски испиша историја во ФИБА купот

Ана Ололовска