Лионел Меси продолжува да се запишува во историјата на светскиот фудбал, откако со неговиот прв гол за Аргентина во финалето на Светското првенство стана првиот фудбалер во историјата кој постигнал голови во сите фази на Мундијалот (групна фаза, осминафинале, четврт-финале, полуфинале и финале).
Седумкратниот освојувач на „Златната топка“, остана смирен во 23. минута кога беше досуден пенал за Аргентина, и го совлада Иго Љорис, за свој шести гол на турнирот, откако претхоно даде голови против Саудиска Арабија во групната фаза и против Австралија, Холандија и Хрватска во нокаут фазата.
Меси исто така стана вториот фудбалер во историјата по легендарниот бразилски напаѓач Роналдо како единствен кој дал 25 гола на СП и на Копа Америка.
Исто така, покрај тоа што го помина Лотар Матеус со својот 26. меч на СП, тој стана и човекот со најголем број на минути на СП, поминувајќи го Италијанецот Паоло Малдини.