Меси: Немам ништо против Кристијано

Од:

Најдобриот фудбалер на денешницата и трикратниот освојувач на “Златната топка” на ФИФА, Лионел Меси ги откри имињата на кандидатите за кои ќе гласа.

„Не размислувам воопшто за „Златната топка“, можеби ќе почнам неколку дена пред доделувањето на наградата. Сигурно ќе гласам за Чави и Иниеста, тие се фудбалски мајстори, а ќе му дадам глас и на еден свој сонародник од Аргентина“, изјави Меси.

Тој додаде дека нема да има ништо против доколку наградата ја добие играчот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

„Ако Роналдо ја добие наградата сигурно ќе му честитам, тоа значи дека ја заслужил. Немам ништо против Кристијано, а целата ситуација ја „пумпаат” медиумите и тоа навистина некогаш премногу ми смета“, истакна Меси.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ