Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси во синоќешната победа против Олимпијакос (3:1) го постигна својот 100-ти гол во европските натпреварувања. Аргентинецот во 61. минута од слободен удар го изненади противничкиот голман во дуелот од 3.коло на Лигата на шампионите.
Воедно Меси има најдобар просек на гол по натпревар – 0.82 погодока на европски натпревари, втор е Роналдо со просек 0.74 гола по натпревар.
Резултати на натпреварите од ЛШ трето коло сегмент А-Д група:
ЦСКА Москва – Базел 0:2, Бенфика – Манчестер Јунајтед 0:1 (А-група); Андерлехт – ПСЖ 0:4, Баерн – Селтик 3:0 (Б-група); Челзи – Рома 3:3, Карабах – Атлетико Мадрид 0:0 (Ц-група),
Барселона – Олимпијакос 3:1, Јувентус – Спортинг 2:1 (Д-група).
Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Барселона со максимални девет бода водат во своите групи, Челзи е лидер со седум бода во Ц-групата.