Меси го постигна 400. гол во Примера

Од:

Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси го постигна 400-от погодок во шпанскиот фудбалски шампионат. Аргентинец синоќа ја затресе мрежата на Еибар (3:0) во натпреварот од 19. коло на Примера.

Меси не е само најдобриот стрелец во Шпанија, туку и во ТОП 5 лигите во Европа.

Најдобар стрелец во англиската Премиер лига е Џими Гривс – постигна 357 гола, настапувајќи за Челзи, Тотенхем и Вест Хем.

Во Италија, со 274 голови прв на вечната листа е Силвио Пиола, кој играше за Про Верчели, Лацио, Торино, Јувентус и Новара.

Најдобриот стрелец во Германија, Герд Милер постигна 365 гола за Баерн.

Листа на стрелци во Франција е предводена од Делио Онис, кој како дел од Ремс, Монако, Турс и Тулон, има дадено 299 гола.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот