Меси го постигна 36. хет-трик во шампионатот на Шпанија

Од:

Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси во мечот од 25. коло од шампионатот на Шпанија против Еибар постигна хет-трик. За 34-годишниот Аргентинец, ова е 36-ти хет трик во Ла Лига во неговата кариера, што е за два повеќе од оној на Кристијано Роналдо.

Меси со новите три гола стигна до 17 во Ла Лига. Тој ја прекина серијата од четири натпревари без голови и го предводи списокот на стрелци.

Најдобриот фудбалер на каталонскиот клуб сите три гола ги постигна во првото полувреме, а му останува второто полувреме за да ја зголеми разликата во однос на Карим Бензема од Реал Мадрид кој е вто на листата на стрелците со 13 гола.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот