Мексико го победи Мартиник и обезбеди четвртфинале на Голд Куп

Од:

Репрезентацијата на Мексико ноќеска со 3:1 славеше победа над Мартиник во последниот дуел од А групата на фудбалскиот Голд Куп кој се одржува во САД.

Головите за Мексиканците ги постигнаа Марко Фабиан, Луис Монтес и Мигуел Брисењо, додека за Панама погоди Кевин Парсемеин од пенал.

Со оваа победа Мексико обезбеди пласман во четвртфиналето.

На првиот натпревар од оваа група Панама и Канада одиграа нерешено 0:0.

Табела А група:

1. Панама 7 бодови,
2. Мексико 6,
3. Мартиник 3,
4. Канада 1.

Вечерва по полноќ се играат дуелите од 3.коло во Б групата: Салвадор – Хаити, Хондурас – Тринидад и Тобаго.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ