Меѓународен ревијален турнир „Гевгелија баскет 2013“

Од:

Во Гевгелија вечер почнува меѓународниот ревијален кошаркарски турнир „Гевгелија баскет 2013“ што го организира кошаркарскиот клуб Кожуф под покровителство на општина Гевгелија.

На кошаркарскиот турнир, што ќе трае до недела, гевгелискиот прволигаш Кожуф ќе ги пречека екипите на МЗТ од Скопје, Партизан од Белград и ПАОК од Солун.

Турнирот ќе биде отворен вечер во 20 часот со натпреварот меѓу МЗТ и Партизан.

Според програмата, утре вечер Партизан ќе одигра пријателски меч со домакинот Кожуф, а во недела ќе се случи српско-грчкиот дуел меѓу белградски Партизан и солунски ПАОК.

Организаторот и покровителот на меѓународниот ревијален кошаркарски турнир во Гевгелија најавија дека во иднина ќе стане традиционален.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ