Меџик Џонсон: Леброн треба да ја добие наградата за МВП на сезоната

Од:

Легендата на Лос Анџелес Лејкерс, Меџик Џонсон, напиша на Твитер дека Леброн Џејмс најмногу заслужува да биде прогласен за МВП (највреден играч) за сезоната 2019/20 во НБА.

– Леброн Џејмс е дефинитивно МВП оваа сезона. Тој скоро оствари просечен „трипл-дабл“ со просечни 25 поени, 10 асистенции и речиси осум скокови по натпревар. Неговата игра во одбрана е неверојатна и нема подобар лидер од него во спортот!, го сподели своето мислење поранешниот бек на „езерџиите“.

Токму Џонсон (60), кој исто така е поранешен Претседател за кошаркарски операции на Лејкерси, го донесе Џејмс во Лејкерс во летото 2018 година.

Леброн, кој сега има 35 години, даде голем придонес за првото место на Лејкерс во Западната конференција во НБА лигата пред крајот на сезоната (49 победи-14 порази). Неговите просечни индикатори оваа сезона се: 25,7 поени (11-ти во лигата), 10,6 асистенции (прв во лигата) и 7,9 скокови (22-ри).

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа