Медиуми: Пандев ги предаде Македонците, намерно доби картон!

Од:

Нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев наводно, намерно заработи жолт картон на мечот со Хрватска и нема да биде во можност да игра во вторник против Србија поради парни картони, се со цел да биде подготвен за претстојното дерби на Наполи со Јувентус.

Претпоставката ја лансираа италијанските медиуми, кои истото го тврдат и за Артуро Видал од редовите на Јувентус кој со Еквадор намерно доби жолт картон, за да биде одморен и во стартниот тим на Старата дама против Наполи.

Медиумите на Апенините, за Пандев тврдат дека без никаква причина во 90. минута од натпреварот жестоко приговараше кон судијата, дали намерно или не, но Србите се радуваат на тоа и секако Македонија ќе игра ослабена против нив.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ