Мбапе со изненадувачки одговор на прашањето „Меси или Роналдо?“

Од:

Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе се претставува одлично како во Лига 1, така и во Лигата на шампионите и покрај фактот дека има само 20 години. Тој беше контактиран да одговори на вечното прашање – Лионел Меси или Кристијано Роналдо, иако се претставува подобро и од двајцата во турнирот на богатите на оваа возраст.

Кога имаа по 20 години, Меси и Роналдо се уште беа далеку од своите најсилни години. Португалецот се уште немаше гол и „Ла Пулга“ реализираше само два погодока за Барселона.

Францускиот репрезентативец сепак сам откри дека се уште не е на нивото на двете суперѕвезди. Тој доби прашање од „Франс Фудбал“ кој од двајцата би избрал да игра со него рамо до рамо на теренот.

– Ако имав можност да изберам со кој од Меси и Роналдо да играм на теренот, би избрал да ги пуштам нив двајцата, а јас да седнам на клупата. Така ќе сум сигурен дека ќе победиме, изјави Килијан Мбапе.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ