Ромелу Лукаку сигурно нема да биде дел од белгиската репрезентација во мечот од првото коло на СП против Канада во среда и не е јасно дали воопшт ќе биде подготвен за настап на Мундијалот, признава селекторот Роберто Мартинез.
Последен меч за 29-годишниот напаѓач на Интер беше на 29 октомври поради повредата на бутниот мускул, а последен пат одигра 90 минути во првото коло од Серија А против Лече на 13 август.
„Задоволни сме од неговиот прогрес, вчера имаше добра индивидуална тренинг-сесија, но немам рок кога го очекувам во тимот. Не би можел да ви кажам дали ќе биде подготвен за вторит или за третиот меч. Ќе ги следиме советите на лекарите, бидејќи ако го следиме неговиот совет, тој би сакал да заигра веднаш“, вели Мартинез.
Ако Лукаку е несигурен, во тимот на Мартинез секогаш има место за 31-годишниот Еден Азар, иако тој оваа сезона има само два старта за Реал Мадрид.
„Тој има мала минутажа во својот клуб, но ние сме подобар тим кога Еден Азар е во нашата соблекувална“, објаснува Мартинез.
Извор: Топспорт