Марек Јанкуловски се прости од фудбалот

Од:

Марек Јанкуловски на стадионот Базали во чешкиот град Острава го одигра последниот фудбалски натпревар и се прости со активната кариера, јави дописникот на МИА од Прага.

На долгогодишниот чешки репрезентативец и член на фудбалскиот тим Милан до 2011 година на стадионот на Баник-Острава му аплаудираа над 20.000 гледачи.

– Немам зборови. Тоа навистина не го очекував и сакам да им се заблагодарам на сите кои денеска дојдоа и учествуваа. Навистина беше прекрасно и солзите ми беа на врвот, рече Јанкуловски.

На последниот натпревар почит му покажа речиси комплетниот тим со кој на Европскиот фудбалски шампионат во Португалија пред девет години Јанкуловски освои бронзена медалја. Присутни беа тренерот на чешката репрезентација Карл Брукнер и поранешните соиграчи Петр Чех, Томаш Росицки, Карел Поборски како и колегите од „Азурите”, Генаро Гатузо, Џузепе Фавали и Лука Антонини.

– Со Марек преживеавме многу радости, беше добар играч и во изминатите години станавме пријатели. Кога би одел во војна, Марек би го земал во својата војска, изјави Гатузо.

Триесет и шестгодишниот Јанкуловски последниот меч го играше во октомври 2011 година, од кога заради повредата на коленото речиси престана да игра. Неговиот татко Пандо Јанкуловски, кој од Македонија во 70-тите дошол во поранешна Чехословачка за весникот „Тиден” изјави дека се чувствува неизмерно среќен.

– Кога некој би ми кажал дека ќе игра за АЦ Милан не би му верувал. Но, Марек за фудбалот жртвуваше многу време и напор и тоа му се врати, додава гордиот татко.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ