Двократниот олимписки шампион Енди Мареј се приклучи на британската репрезентација за Олимписките игри во Токио, информира веб-страницата на британскиот тим.
За 34-годишниот Мареј ова ќе биде четврта Олимпијада.
– Олимписките игри ми значат многу. Голема чест е да учествувам во нив по четврти пат. Излегувањето со тимот на церемонијата на отворање пред пет години во Рио беше еден од главните моменти во мојата кариера. Одењето на Игрите како актуелен шампион е во ред. Се радувам на тоа, изјави Мареј.
За потсетување, на Олимписките игри ќе настапи и првиот светски рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ.