Хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ го напушта Јувентус и од попладнево официјално е член на катарскиот клуб Ал Духаил.
Некогашниот хрватски репрезентативец беше дел од генерацијата која лани освои сребро на Светското првенство во Русија. Уште од летото се најавуваше негов трансфер на Арапскиот Полуостров, но постојано се појавуваа некакви пречки.
Пред неколку дена Манџукиќ беше виден во дрес на Ал Духаил како оди на лекарски преглед, но денеска се појавија шпекулации дека трансферот пропаднал во последен момент. Сепак, Манџукиќ дефинитивно заминува во Катар, клубот ја потврди информацијата.
Манџукиќ ќе заработува околу осум милиони евра годишно, со што станува најскап хрватски фудбалер. Таква плата немаат ниту ѕвездите Лука Модриќ и Иван Ракитиќ.