Македонските кошаркарки поразени од Романија

Од:

Македонската женска кошаркарска репрезентација е поразена од Романија во вториот пријателски натпревари, одигран попладнево во Кавадарци.

Откако вчера славеа победа со три поени разлика (68-65), денеска нашите кошаркарки се поразени убедливо со 53:70, пред се поради лошата игра во третиот период кој го загубија со 30:18.

Натурализираната Македонка Криси Гивенс која дуелот го заврши со 15 постигнати поени, овојпат немаше поддршка од соиграчите, па остана единствената во нашиот тим со двоцифрен број на постигнати поени.

Кај Романија, најефикасна беше Кристина Кутас со 13 постигнати поени.
Двомечот со Романија, беше последна контрола за формата на нашите кошаркарки пред стартот на евро-квалификациите.

Првиот меч од квалификациите Македонија ќе го игра на гости кај Литванија на 8 јуни, додека првата средба на домашен терен е во Кавадарци на 11 јуни против Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Навивачки нереди во Црна Гора: Хулигани упаднаа на теренот за време на дербито и го прекинаа натпреварот

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ