Македонската женска фудбалска репрезентација на 22 септември ја пречекува Франција на Националната арена „Тодор Проески“ во натпревар од квалификациите за Европскто првенство.
За нашата женска репрезентација ова ќе биде шестиот натпревар од тековните квалификации. Досега билансот е победа против Казахстан и по два пораза од Србија и Австрија.
Селекторот Изов за натпреварот против Франција нема да може да смета на капитенката Наташа Андонова поради повреда, а Гентјана Рочи има суспензија од еден натпревар поради жолти картони. Изов за овој дуел прати повик до следните фудбалерки:
Голманки: Викторија Панчурова (ЖФК Тиверија), Магдалена Лекоска (ЖФК СЦ Истатов), Верица Колевска (ЖФК Деспина);
Одбрана: Ане Бошеска (ЖФК Тиверија), Јулија Живиќ (ЖФК Љуботен), Христина Јошевска (ЖФК Каменица Саса), Павлинка Николовска (ЖФК Каменица САСА), Даниела Велеска (ЖФК Деспина), Ивана Николова (ЖФК Тиверија);
Среден ред: Александра Ристовска (ЖФК Тиверија), Сара Велкова (ЖФК Тиверија), Елма Шемсовиќ (ЖФК Скопје 2014), Катерина Милеска (ЖФК Деспина), Јана Чубриноска (ЖФК Деспина), Рабија Дервиши (ЖФК Каменица Саса);
Напад: Теодора Димоска (ЖФК Тиверија), Ели Јаковска (ЖФК Локомотив-Стара Загора), Кристина Мојсоска (ЖФК Асс Јунајтед), Хава Мустафа (ЖФК Шкендија), Улза Максути (ЖФК Асс Јунајед).