Македонските фудбалерки се надеваат на позитивен резултат во Минск

Од:

Женската фудбалска репрезентација на Македонија утре против Белорусија ќе го одигра последниот квалификациски натпревар од групата 1 за пласман на Европското првенство во Холандија 2017 година.

Селекторот Кирил Изов посакува изненадување за крај на овие квалификации.

– Свесни сме дека во овие квалификации немаме шанси за пласман, но поради тоа и немаме што да изгубиме. Имаме подмладен состав на многу мотивирани играчи и во овој последен натпревар сакаме да направиме изненадување. Нема повредени фудбалерки, и искрено се надеваме дека ќе постигнеме позитивен резултат кој би претставувал мотивација и позитивен импулс за натамошните настапи на женската А репрезентација, изјави македонскиот селектор.

За овој натпревар, Изов ги повика следните фудбалерки:

голмани: Фроска Костова, Елена Чакмаковска и Викторија Панчурова;

одбрана: Павлинка Николовска, Даниела Велеска, Симона Тасева, Ивана Биневска, Сашка Кокаловска и Мартина Смилковска;

среден ред: Катерина Милеска, Емилија Стоиловска, Јана Чубриноска, Елма Шемсовиќ и Симона Крстановска;

напад: Ели Јаковска, Улза Максити, Афродита Салихи и Александра Ристовска.

Би можело да ве интересира

ЖФК Љуботен Тетово и годинава со нови засилувања од Бразил

Ана Ололовска

Кадетките и младинките ги дознаа ривалите во фудбалската Лига на нации

А1он

Француска репрезентативка притворена за физички напад

А1он

Прв триумф на македонските фудбалерки во мундијалските квалификации

А1он

Женската фудбалска репрезентација У19 со победа ги почна евроквалификациите

А1он

Изов го објави списокот на фудбалерки за квалификациските натпревари со Летонија и Луксембург