Македонската женска фудбалска репрезентација одигра нерешено 0:0 со соодветната селекција на Косово на првиот од двата контролни меѓусебни натпревари.
И двете репрезентации не искористија неколку шанси за погодок на вчерашниот дуел, а најблиску до гол беа Максути и Ели Јаковска.
Македонија и Косово вториот пријателски натпревар исто така на теренот во тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје ќе го одиграат в недела од 17 часот.