Женската фудбалска репрезентацијата на Македонија до 19 години денеска од 15 часот ќе одигра пријателски натпревар против соодветната селекција на Албанија. Натпреварите ќе се одиграат на стадионот во Пробиштип.
Селекторот Астрит Мерко за овој дуел ги повика следните фудбалерки: Панчурова Викториjа (Тиверија), Лекоска Магдалена (Топ Гол), Николовска Павлинка (Тиверија), Котева Моника (Тиверија), Гоцевска Анита (Тиверија), Китанова Билјана (Топ Гол), Јанковска Тамара (Топ Гол), Хусеин Сара (Топ Гол), Стојчевска Наталија (Топ Гол), Максути Улза (АСС Јунајтед), Танеска Весна (АСС Јунајтед), Симоноска Александра (АСС Јунајтед), Игнатовска Викторија (Истатов Дојран), Стефановска Милена (Истатов Дојран), Ќубриноска Маја (Кочани), Јанкуловска Симона (Драгон), Димоска Теодора (Драгон), Елма Шемсовиќ (Борец).
Двете репрезентации в среда во истиот термин ќе одиграат уште еден натпревар.