Женската фудбалска репрезентација на Македонија е домаќин на Белорусија, во натпревар од квалификациите за Европското првенство, кое во 2017 година ќе се одржи во Холандија.
Избраничките на селекторот Ванчо Балевски, за кои ова ќе биде трет натпревар во квалификациите, ќе се обидат да ги освојат првите бодови.
– Со Белорусија очекуваме сигурна победа, ќе дадеме максимум и ќе ја искористиме позитивната атмосфера во тимот да ја наградиме со позитивен резултат, изјави Балевски.
Натпреварот ќе се игра на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ со почеток од 13 часот.
Табела: Шкотска 9 бодови, Исланд 9, Македонија 0, Белорусија 0.