Македонските фудбалерки гостуваат во Шкотска

Од:

Македонската женска фудбалска репрезентација денеска го игра последниот квалификациски натпревар оваа година, против Шкотска на гостински терен.

Во пресрет на ова тешко гостување селекторот Ванчо Балевски изјави дека Шкотска е фаворит, но се надева дека неговите избранички ќе го дадат максимумот.

– Шкотска е фаворит на овој натпревар, како што покажаа и во Скопје каде извојуваа победа. Се надевам дека ќе креираме добра игра, како на натпреварот против Белорусија пред три дена во Скопје. Ќе дадеме максимум и ќе го искористиме комплетниот потенцијал со кој располага оваа репрезентација, изјави селекторот Ванчо Балевски.

Добро издание очекува и капитенот Наташа Андонова.

– Се надевам на добра игра, девојките ќе дадат се од себе да ги повториме добрите моменти од играта со Белорусија, вели Андонова.

Почетокот на натпреварот е во 15 часот.

Би можело да ве интересира

ЖФК Љуботен Тетово и годинава со нови засилувања од Бразил

Ана Ололовска

Кадетките и младинките ги дознаа ривалите во фудбалската Лига на нации

А1он

Француска репрезентативка притворена за физички напад

А1он

Прв триумф на македонските фудбалерки во мундијалските квалификации

А1он

Женската фудбалска репрезентација У19 со победа ги почна евроквалификациите

А1он

Изов го објави списокот на фудбалерки за квалификациските натпревари со Летонија и Луксембург