Македонските фудбалерки до 17 години поразени од Црна Гора

Од:

Македонската фудбалска селекција со пораз го заврши УЕФА развојниот турнир за девојчиња до 17 години. Избраничките на селекторот Кирил Изов се поразени од селекцијата на Црна Гора со 1:2 (1:1).

Стрелец на единствениот гол за Македонија беше Елена Петровска во 35. минута. Противникот до победата стигна со головите на Касандра Морачанин во 18-та и Јована Брашко на стартот од второто полувреме во 43-та минута.

Македонскиот национален тим, турнирот во Босна и Херцеговина го заврши со една победа и два порази, со што ова натреварување го завршивме со делба на третото место.

– Задоволен сум од целокупното претставување на турнирот. Девојчињата покажаа желба и мотивација, но по несреќниот пораз на првиот натпревар, денеска беше евидентен заморот во нашата екипа, што на крајот се одрази и на резултатот. Имаме уште неполн месец до квалификацискиот турнир и сега имаме јасна претстава со каков капацитет располага оваа селекција, како и во кој правец треба да се движат подготовките, изјави селекторот Изов.

Македонија на турнирот настапи во состав :  1. Евгенија Крстеска 2. Ана Благонова 3. Теодора Ѓорѓиевска  4. Ива Биневска  5. Цветанка Мицева 6. Анастасија Николовска 7. Елена Петровска 8. Марија Белистојаноска  9. Мила Талевска 10. Јана Чубриновска 11. Улза Максути 12. Суарта Речи 13. Елма Шемсовиќ 14, Драгана Гегова 15. Викторија Игњатовска 16. Јована Ѓорѓиевска 17. Анита Гоцевска  18. Дениз Алилоски 19. Тедора Димовска и 20. Надица Костеска.

Би можело да ве интересира

ЖФК Љуботен Тетово и годинава со нови засилувања од Бразил

Ана Ололовска

Кадетките и младинките ги дознаа ривалите во фудбалската Лига на нации

А1он

Француска репрезентативка притворена за физички напад

А1он

Прв триумф на македонските фудбалерки во мундијалските квалификации

А1он

Женската фудбалска репрезентација У19 со победа ги почна евроквалификациите

А1он

Изов го објави списокот на фудбалерки за квалификациските натпревари со Летонија и Луксембург