Македонски кошаркарски прилики: Американецот Питс нов член на Работнички

Од:

Ростерот на кошаркарите на Работнички од вчера е освежен за американскиот плејмејкер Демиер Питс. Неговиот ангажман се толкува како силен сигнал во намерата за враќање на домашниот шампионски во витрините во Градски парк.

Питс има 30 години, висок е 178 сантиметри, се одликува со брзина и важи за играч што одлично разигрува, но и асистира. Веќе седум години е присутен на европскиот континент.

Прва дестинација му беше Исланд и тамошниот КФИ од Исафјордур (сезона 2012/13). Потоа играше и за турски Истанбул ДСИ, италијанскиот второлигаш Росето Шаркс, за летонските Вентспилс и Валмиера Ордо, за Катаја во Финска, за Бенфика и за Јасберењи во Унгарија.

Тој е второ засилување за Работнички оваа зима по ангажманот на Марјан Младеновиќ од Куманово.

Би можело да ве интересира

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

A1on

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

(ВИДЕО) Ковачевски: Ги охрабрувам македонските компании да ги поддржуваат спортските клубови