Македонија против Шкотска по првите бодови во групата

Од:

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во 21:00 часот на „Хемпден парк“ во Глазгов против домаќинот Шкотска ќе го одигра вториот квалификациски меч од групата А за пласман на Светското фудбалско првенство во Бразил 2014.

„Црвено-жолтите“ за цел имаат да ги освојат првите бодови, по можност три, во новиот квалификациски циклус, по незаслужениот пораз од 1:0 пред четири дена во Загреб.

Јаневски изрази верба во своите фудбалери, додавајќи дека очекува успешна вечер против Шкотланѓаните.

Македонскиот селектор на располагање ги има сите фудбалери, кои синоќа го одржаа првиот тренинг на Островот. Тие се без повреди и во добра форма, а во тимот по отслужената суспензија се враќа и Величе Шумуликоски.

Јаневски не се очекува да менува премногу ниту во составот, ниту во стилот на играта во однос на дуелот во Загреб, во обидот да дојде до првите бодови откако го презема кормилото на националниот тим.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ