Македонија ослабена на утрешниот натпревар со Италија

Од:

Женската фудбалска репрезентација на Македонија утре е домаќин на носителот на групата, репрезентацијата на Италија, во натпревар од квалификациите за Светското првенство во Канада, 2015 година.

Македонските репрезентативки на овој дуел ќе настапат ослабени без својот капитен Наташа Андонова која е повредена.

Селекторот Добре Димовски посакува неговите избранички да одиграат борбено иако, противникот е голем фаворит.

– Вторпат се сретнуваме со Италија која е апсолутен фаворит. Тие се носители на групата, а нивните успеси можат да се забележат и според освоениот број на бодови во квалификациите. Мора да истакнам дека играме во мошне незгоден момент за нашата репрезентација, бидејќи се соочуваме со бројни здравствени проблеми кај репрезентативките. Наташа Андонова е повредена, исто како и искусната Катерина Милеска. Ленче Андреева – столбот на средниот ред, е болна. Правиме исклучителни напори да го составиме тимот за што поуспешно да се претставиме. Решени сме да дадеме се од себе, да не претрпиме висок пораз. Ќе се потрудиме да ја градиме играта преку нашата одговорност и желба за успех, истакна Димовски.

Натпреварот ќе се одигра на комплексот „Куќа на фудбалот“ во Скопје со почеток од 14 часот.

Би можело да ве интересира

ЖФК Љуботен Тетово и годинава со нови засилувања од Бразил

Ана Ололовска

Кадетките и младинките ги дознаа ривалите во фудбалската Лига на нации

А1он

Француска репрезентативка притворена за физички напад

А1он

Прв триумф на македонските фудбалерки во мундијалските квалификации

А1он

Женската фудбалска репрезентација У19 со победа ги почна евроквалификациите

А1он

Изов го објави списокот на фудбалерки за квалификациските натпревари со Летонија и Луксембург