Македонија организира развоен турнир на УЕФА во категоријата У-18 женска конкуренција

Од:

Од утре до 3. јули Македонија е домаќин на равојниот турнир на УЕФА, за играчи до 18 години во женска конкуренција. Гости на турнирот се соодветните репрезентации на Бугарија и Србија.

Сите натпревари ќе бидат одиграни на терените од тренинг центарот на ФФМ, комплекс Куќа на фудбалот. Македонија утре од 10 часот игра со Бугарија, а в четврток во истиот термин против Србија.

– Подготовките ги започнавме на 27 јуни. Сите повикани фудбалерки пристигнаа, нема повреди и атмосферата меѓу играчите и во стручниот штаб е на највисоко ниво. Целта на овој развоен турнир е да го оцениме потенцијалот на играчите. Резултатот не е во прв план. Сакаме да составиме екипа која ќе биде во можност квалитетно да се претстави на квалификациониот турнир во Португалија, каде играме во септември во многу силна конкуренција против екипите на Португалија, Русија и Белорусија, изјави селекторот Астрит Мерко.

Би можело да ве интересира

ЖФК Љуботен Тетово и годинава со нови засилувања од Бразил

Ана Ололовска

Кадетките и младинките ги дознаа ривалите во фудбалската Лига на нации

А1он

Француска репрезентативка притворена за физички напад

А1он

Прв триумф на македонските фудбалерки во мундијалските квалификации

А1он

Женската фудбалска репрезентација У19 со победа ги почна евроквалификациите

А1он

Изов го објави списокот на фудбалерки за квалификациските натпревари со Летонија и Луксембург