Македонија направи скок од 21 место на ФИФА листата

Од:

Македонската фудбалска репрезентација напредуваше 21 место на најновата ранг-листа што денеска ја објави Светската фудбалска асоцијација – ФИФА.

Сега Македонија се наоѓа на 83. место или 21 место повисоко од октомвриското рангирање.

Главна причина за големиот скок на „црвено – жолтите“ е победата над Србија остварена на 16-ти минатиот месец во мундијалските квалификации.

Од противниците на македонските фудбалери во квалификациската група за Светското првенство, најдобропласирана е Хрватска (10. место) која се врати во првата десетка, Белгија направи уште еден скок од 10 места и се наоѓа на 20. позиција, потоа следуваат Србија (42), Велс (66) и Шкотска (70).

Во првата десетка се: Шпанија, Германија, Аргентина, Португалија, Италија, Англија, Холандија, Колумбија, Русија и Хрватска.

Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 19 декември.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ