Македонија гостува кај Данска во 2. коло од квалификациите за Евробаскет 2015

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва од 19 часот и 30 минути во Хорсенс против домашната селекција на Данска ќе го одигра вториот дуел од квалификациите за Европското првенство 2015.

За разлика од првата средба против Белгија, на овој меч Македонија влегува како фаворит, но селекторот Александар Џикиќ ги предупреди своите избраници во никој случај да не го потценат противникот.

На вториот натпревар од групата Д во втората рунда играат Белгија и Белорусија.

Двојки за натпреварите од 2.коло во другите групи:

А група: Велика Британија – Босна и Херцеговина. Исланд слободен.

Б група: Црна Гора – Бугарија и Холандија – Израел.

Ц група: Луксембург – Полска и Германија – Австрија.

Е група: Чешка – Португалија и Унгарија – Грузија.

Ф група: Летонија – Словачка и Романија – Шведска.

Г група: Русија – Италија. Швајцарија слободна.

Би можело да ве интересира

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос

Навивачки нереди во Црна Гора: Хулигани упаднаа на теренот за време на дербито и го прекинаа натпреварот

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка